Американскиот претседател Џо Бајден е негативен на корона вирусот откако еден од неговите соработници, со кои поминале околу половина час во авион, бил позитивен на Ковид-19.
Бајден вчера имаше негативен резултат на ПЦР тестот, а во неделата имаше и негативен антиген тест, како дел од редовните контроли. Бидејќи упатствата на Центарот за контрола и превенција на болести не предвидуваат карантин за целосно вакцинирани лица кои биле во контакт со заразени лица, Бајден (79) ќе продолжи со својот дневен распоред – изјави портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки.
Таа додаде дека вработен во Белата куќа, кој бил позитивен, поминал околу 30 минути во близина на претседателот за време на неговиот лет со претседателски авион од Оринџ во Јужна Каролина до Филаделфија во петокот.
Тој член на персоналот од среден ранг, кој бил целосно вакциниран, имал негативен тест пред да се качи во претседателскиот авион и досега не почувствувал никакви симптоми на болеста.
Псаки не го откри неговиот идентитет, само нагласи дека вработениот во Белата куќа не е во редовен контакт со американскиот претседател.
Бајден не планира да воведе карантин во земјата и покрај потенцијалниот нов бран на Ковид-19 на почетокот на зимата и појавата на сојот омикрон – изјави Псаки, додавајќи оти повеќе ќе ги нагласи придобивките од вакцинацијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.