Американскиот претседател Џо Бајден ги повика граѓаните на смиреност откако поротата го ослободи Кајл Ритенхаус, кој уби две лица за време на немирите минатата година.

Апелирам до сите да ги изразуваат своите ставови мирно и во согласност со владеењето на правото – порача претседателот Бајден пред Белата куќа.

Судот во Кеноша, Висконсин, пресуди ослободителна пресуда за Ритенхаус, кој лани за време на протестите во градот поттикнати од убиството на Афроамериканецот Џејкоб Блејк од страна на полицаец, уби две лица, а повреди едно.

Според бранителите на Ритенхаус (18), при пукањето кое се случи лани во август, тој реагирал во самоодбрана по напад од лица кои учествувале во протестот.

Критичарите велат дека „со оваа одлука се оправдува некој кој излегол на протести со полуавтоматска пушка, го зел законот во свои раце и стрелал во демонстранти, иако заканата по неговиот живот не била смртна“.

Роднините и поддржувачите на убиените се подготвуваат да излезат на протести поради одлуката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.