Руската полиција уврдила дека пензионерка обвинета за неколку убиства, своите жртви ги сечела на парчиња, а место го готвела, а според извештаите од истрагата, таа „специјалитетот“ им го давала на деца да го јадат.
Меѓу жртвите било и 8-годишно девојче, кое го убила бидејќи си играло прегласно и ја мавало со сладолед.
Пензионерката била месарка и вработена во обезбедување, а била уапсена по исчезнување на нејзиниот потстанар, а делови од неговото тело биле најдени во канта за ѓубре.
Полицијата во нејзиниот стан прионашла ножеви и пили со траги од крв на жртвите, по што е покренато обвинение за убситво, а се појавиле и шпекулации дека во фрижидерот чува човечки внатрешни органи. На сослушувањето освен за девојчето, признала и дека ја убила и својата пријателка Нина (80), која неколку пати преспала кај неа, па исчезнала.
Секогаш беше намуртена и непријателски расположена. Често готвеше за децата од соседството и секогаш месо, а еднаш ни донесе и мене и на мојот сопруг. Добро се сеќавам, сопругот ми рече да не јадеме зошто којзнае од што е зготвено, па се испостави дека бил во право, рекла сосетка и додала дека полицијата потврдила дека се работи за човечко месо.
Иако руските медиуми ја нарекоа канибал, не е утврдено дали и таа самата јадела од месото што го готвела.
Таа е вдовица од 2005 година. Сопругот бил водоинсталатер, починал шест месеци пред убиствто на девојчето. Имале три сина, од кои еден починал, а другите двајца живеат во областа Хабаровск.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.