Германскиот автомобилски гигант „Мерцедес-бенц“ ќе повлече повеќе од 660.000 возила од Кина, до крајот на годината, поради можното истекување на моторното масло.

Заклучно со 18 декември, ќе бидат повлечени вкупно 668.954 возила произведени од февруари 2013 година до јуни 2017 година Повеќето од овие возила се произведени во фабриките на Mercedes-Benz во Кина, додека околу 36.000 од нив се увезени.

Замената на проблематичните делови на претставничката канцеларија „мерцедес“ ќе се изврши бесплатно, а новото повлекување на возилата на компанијата во Кина ќе се случи откако истото беше сторено минатиот месец со 4.653 увезени „мерцедеси“ Г-класа со неправилно обележани брави за безбедност на децата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.