Од 1 јануари 2020 година, Европската комисија ќе ги казни производителите на автомобили за секој вишок грам на јаглерод диоксид (СО2) над зацртаниот просек од 95 грама на секој поминат километар. Казната ќе изнесува 95 евра за секој грам.

Ова произлегува од строгата регулатива со која се поставуваат стандарди за емисија на CO2 за нови автомобили и нови лесни комерцијални возила со кои ЕК бара од производителите на автомобили да произведуваат возила што се продаваат на пазарот на ЕУ, а кои од идната година ќе емитуваат 95 грама на километар, додека само 5% од возилата ќе можат да имаат поголема емисија на јаглерод диоксид од планираното.

Сето ова ќе доведе до пораст на цената на новите автомобили, бидејќи дилерите нема да можат сами да ја надоместат казната. Според проценката на консултантската компанија Еулер Хермес, цената на новите автомобили ќе се зголеми за 2,6% во просек во 2020 година, што е само почеток на порастот на цените, според „Јутарњи лист“.

Просечната емисија на CO2 на нови автомобили продадени во ЕУ во текот на 2018 година изнесуваше 120,6 грама на километар, а доколку е така во 2020 година, производителите ќе треба да платат огромни казни. Експертите проценуваат дека казните се движат од 20 до 35 милијарди евра, а казните ќе се пресметаат врз основа на бројот на продадени, а не произведени коли.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.