При експлозија на бомба поставена на пат во близина на Пирамидите од Гиза загинаа најмалку две лица, а 12 се повредени, соопшти египетското Министерство за внатрешни работи.
Инцидентот се случил кога автобус со туристи налетал на рачно изработена бомба поставена на пат.
Двајцата загинати и десетмина повредени се виетнамски државјани, а двајца од повредените се државјани на Египет. Меѓу повредените се и возачот на автобусот и туристичкиот водич.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.