Над четириест луѓе загинаа во соображајна несреќа во Индија, кога автобус се преврте и падна во канал, а во него имало над педесет патници.

Автобусот излетал од патот во Маџа Прадеш, при што седуммина од патниците, вклучувајќи го и возачот се спасени. Спасувачките екипи ги бараат останатите патници, пренесе Би-Би-Си.

Според изјави на сведоци, до несреќата дошло кога возачот изгубил контрола врз возилото по што тоа ја пробило заштитната ограда на мостот и паднало во каналот.

Според полицијата стотици индијци секоја година го губат животот во сообраќајни несреќи, а најмногу поради неприлагодена брзина на условите на патот и несовесно возење.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.