Австрискиот парламент донесе одлука со која се овозможува евтаназија на тешко болни лица.
Според новиот закон, кој е донесен врз основа на препораките на Уставниот суд, останува забрането убиството на лице по негово барање, но можно е да се обезбеди помош при умирање.
Така, на тешко или неизлечиво болните лица, кои се полнолетни и способни да одлучуваат, им се дава можност да побараат помош за ставање крај на својот живот.
Предуслов за добивање на таа помош е тој што сака да умре за се да е целосно информиран од докторот, дека болеста е утврдена.
Дополнително, мора да биде потврдено, од друг лекар, дека лицето е целосно свесно во тој момент, способно да донесува одлуки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.