Министерот за внатрешни работи на Австрија, Карл Нехамер потврди дека напаѓачот кој беше убиен од полицијата при синоќешниот терористички напад во Виена имал потекло од Македонија.
Тој не го објави неговиот идентитет, но кажа дека имал 20 години и поголемо криминално досие.
Тој носеше автоматска пушка, пиштол, мачета и лажен елек со експлозив. Освен австриско, поседувал и македонско државјанство, кажа Нехамер.
Нехамер претходно го опиша убиениот напаѓач како исламистички терорист и симпатизер на Исламска држава.
Уредникот на австрискиот неделник „Фалтер“, Флориан Кленк, утрово објави дека напаѓачот за 20-годишниот Куртин С., роден и пораснат во Виена, Албанец чии родители се од Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.