Австрискиот канцелар Себастијан Курц ја најави можноста за затворање на границите поради новиот прилив на мигранти од Турција.

Ние сме во целовремен контакт со нашите партнери во ЕУ и долж „балканската рута“. Доколку навистина наворешните граници на блокот не успеат, тогаш Австрија ќе ги заштити своите граници – рече Курц.

Тој нагласи дека не смее да се повтори ситуацијата од 2015 година.

Нашата цел е правилно да се зачуваат границите на блокот, да се запрат нелегалните мигранти и да не се пропуштаат – нагласи австрискиот канцелар.

Грчката полиција денес употреби солзавец за да се справи со стотина мигранти на границата со Турција. Анкара соопшти дека веќе нема да задржува стотина илјади мигранти по нападот во Идлиб, во кој загинаа 33 турски војници.

Курц додаде дека Австрија е поготвена да испрати дополнителни сили на границата на ЕУ, односно во Грција и Бугарија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.