Австриската Влада денеска донесе одлука ограничувањето на слободата на движење да се продолжи за уште три недели, до 13 април.

Целта на одлуката е што повеќе да се намалат социјалните контакти на граѓаните за да се делува против ширењето на коронавирусот.

-Ова е маратон, издржете, порача австрискиот канцелар Себастијан Курц.

Тој нагласи дека секој кој ги почитува мерките на владата спасува човечки животи.

-Не смееме да попуштиме. Мораме мерките што ги презедовме да продолжиме да ги применуваме. Свесен сум колку тоа откажување бара напор и затоа му благодарам на населението, подвлееч Курц.

Тој истакна дека Австрија е на вистинскиот пат и дека сите експерти ги фалат нивните преземени мерки, како и дека во меѓувреме и други земји ги презедоа истите мерки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.