Стапката на смртност кај пациентите заболени од коронавирус во Австрија е најдобра на светот, вели експертот за јавно здравје Армин Фидлер.
Тој вели дека Австрија со 71 починат на милион жители, за 30 отсто е подобра од соседна Германија.Фидлер на конференцијата за новинарите, рекол дека се пример за Италија, Шпанија и Велика Британија.
Се осврнал и на ситуацијата во САД, наведувајќи една студија која покажува дека Америка можела да спречи смрт на 36.000 луѓе ако една недела претходно ги применила своите мерки.
Фидлер истакнува дека причината за успехот на Австрија била неверојатната дисциплина на жителите.
Во Виена во првата недела од воведувањето на ограничувањето на слободата на движење социјалната мобилност паднала на 3 отсто.
Кога станува збор за Шведска, либералниот пристап довел до тоа, да таму има 5 пати повеќе починати отколку во Австрија, а и земјоделието не е во подобра состојба.
Актуелно најголеми ризици Фидлер гледа во прославите, но и во посетата на црквите, односно свадбите и погребите.
Посебна опасност од зараза постои сегде каде има многу луѓе и каде заедно пеат, односно зборуваат, објаснил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.