Пазарот на трудот во Австрија е во парадоксална ситуација, бидејќи покрај високата невработеност поради корона-кризата, на многу компании им недостасува потребната работна сила.
Во моментов во Австрија има повеќе од 410 000 невработени, а претседателот на Австриската трговска комора, Харалд Марер, очекува нивниот број да се зголеми за уште 80 000 овој месец.
Покрај тоа, 400.000 луѓе работат со скратено работно време.
И покрај зголемената невработеност, многу компании не можат да најдат работна сила – вели Марер, додавајќи дека причината е што оние што бараат работа не се таму каде што има работа.
Само во ИТ-секторот се отворени 20.000 работни места, во секторот за нега и грижа 2.500, а и во услужните дејности недостасува квалификувана работна сила, на пример 1.300 монтери.
За да се спречи невработеноста да остане висока, Стопанската комора бара мерки од владата, социјалните партнери и од Службата за вработување.
Квалификациите се приоритет. Корона-кризата го отвори патот за дигитализација и образованието треба да го следи тој правец – вели генералниот секретар на Комората Карлхајнц Копф.
Тој посочи дека занаетчиството се покажало како „поотпорно“ на кризата и дека занаетчиите наоѓаат работа полесно отколку луѓето со универзитетско образование.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.