Австрија од полоќ ги отвора границите кон Чешка, Словачка и Унгарија, со што ќе се олесни патничкиот и товарниот сообраќај.

Синхронизирано со отворањето на границите со Германија, Лихтенштајн и Швајцарија, сега се укинуваат граничните контроли на здравствените власти и на полицијата на премините со Чешка, Словачка и Унгарија – се наведува во соопштението на австриското Министерство за внатрешни работи.

Тоа значи дека ќе се намалат контролите на здравствените власти и полицијата односно ќе се спроведуваат само по случаен избор, а не како досега да се проверува секое возило.

Австриското МВР наведе дека граничната контрола воспоставени на границата со Унгарија поради мигрантите останува во сила.

Австрија најави и целосно отворање на границите од 15 јуни, но во зависност од епидемиолошкиот развој на Ковид-19.

Во Австрија регистрирани се 16.201 лица инфицирани со новиот коронавирус, од кои 629 починаа, а 14.524 оздравеле.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.