Научници од Австралија почнаа со тестирање на две потенцијални вакцини против новиот коронавирус, што може да биде голема пресвртница која би можела да означи крај на пандемијата, објави Би-би-си.
Светската здравствена организација (СЗО) одобри тестирање животни на две вакцини, кои се развиени на Универзитетот „Оксфорд“ и од американската компанија Inovio Pharmaceutical.
Австралиската национална научна агенција ќе процени дали вакцините се делотворни и дали се безбедни за луѓето.
Првото тестирање на вакцината против Ковид-19 почна во САД минатиот месец, но фазата на тестирање врз животни беше прескокната.
Моментно во светот постојат и други вакцини кои се во фаза на тестирање и кои се развиваат со исклучителна брзина.
Австралиската организација на Комонвелтот за научно и индустриско истражување ЦСИРО соопшти дека нејзиното тестирање ќе биде прво сеопфатно предклиничко испитување на вакцините над животни.
Истражувачите велат дека брзината и нивото на глобална соработка кои довеле до оваа фаза се без преседан.
„Вообичаено се потребни околу една-две години за да се дојде до овој момент, а ние го скративме периодот на неколку месеци“, рекол Роб Гренфел од ЦСИРО.
Во светот се развиваат уште 20 вакцини против Ковид-19, но овие две се во најнапредна фаза на тестирање досега.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.