Властите во Сиднеј, најнаселениот град во Австралија, наметнаа задолжителното носење маска во затворен простор, поради зголемениот број на инфекции со корона вирусот.
Новите случаи ги принудија властите да воведат нови ограничувања, вклучително и забрана за собирање повеќе од пет лица. Луѓето се должни да носат маска во трговски центри, јавен превоз, кина, верски храмови, фризери и салони за убавина.
Одлуката за носење маска ќе важи од понеделник на полноќ.
Казната е 140 американски долари ако не се носи маска – предупреди премиерот на Нов Јужен Велс.
Државата Нов Јужен Велс, каде што се наоѓа Сиднеј, регистрираше уште седум случаи на зараза во западниот дел на градот и областа Северна плажа во последните две недели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.