Австралија во последните 24 часа регистрира повеќе од 1.000 луѓе заразени со корона вирусот, прв таков случај од почетокот на епидемијата. Како што соопштија властите, таквото зголемување е поради ширењето на делта сојот.
Во Нов Јужен Велс, австралиската држава во која се наоѓа Сиднеј, потврдени се рекордни 1.039 случаи на инфекција во изминатите 24 часа.
Повеќе од 15.000 луѓе се заразени во Сиднеј од средината на јуни, а инфекцијата се прошири во помалите градови, поради што повторно се воведени мерките против корона вирусот.
Во Мелбурн, кој се наоѓа во државата Викторија, се регистрирани 80 заразени лица.
Околу 25 милиони жители на Австралија моментно се наоѓаат во карантин, а граѓаните на Сиднеј не ги напуштаат своите домови повеќе од два месеца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.