Австралија од 10 јануари ќе почне со администрирање на вакцини против Ковид-19 на деца на возраст од пет до 11 години, изјави денеска австралискиот премиер Скот Морисон, откако воведувањето на вакцината ги помина последните регулаторни пречки.

Ова ќе биде добредојдена вест за милиони семејства низ целата земја кои сакаат можност да ги вакцинираат своите деца – додаде Морисон.

По прегледот на клиничките податоци во Канада, советодавната група за вакцинација препорача осум неделен интервал меѓу дозите, што може да биде скратен на три недели доколку се влоши епидемиолошката ситуација.

Вакцините на Фајзер ќе се инјектира во почетната фаза, додека регулаторите ја проценуваат соодветноста на вакцината на Модерна, а таа одлука се очекува во наредните недели.

Одлуката доаѓа во време кога Австралија се обидува да ја забрза употребата на бустер дозата откако стана една од највакцинираните земји во светот, со ревакцинирано речиси 90 отсто од населението над 16 години. Околу 70 отсто од децата на возраст меѓу 12 и 15 години се целосно вакцинирани.

Властите ги повикуваат граѓаните да земат засилувачка доза поради загриженоста од новата, позаразна варијанта на коронавирусот, сојот омикрон.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.