Австралија нема да може да им помогне на сите Авганистанци коишто соработувале со нејзината војска, изјави во вторникот австралискиот премиер Скот Морисон додека се подготвува планот за евакуација откако талибаните ја преземаа контролата во земјата.

Австралија во понеделникот соопшти дека ќе испрати 250 војници во Кабул за да ги евакуираат нејзините државјани и неодреден број Авганистанци кои добиле визи затоа што стоработувале со австриската воена мисија.

Американските сили кои ја имаат контролата над аеродромот во Кабул во вторникот продолжија со спроведување на евакуациските летови, ден по хаотичните сцени кога очајните Авганистанци го преплавија аеродромот во обидот да побегнат од земјата.

Ќе продолжиме да правиме сѐ што можеме за оние кои беа со нас. Меѓутоа, сакам отворено да им кажам на ветераните дека и покрај нашите најголеми напори, знам дека поддршката нема да ги опфати сите коишто би требало, изјави премиерот Морисон за новинарите во Канбера.

Австралија беше дел од меѓународните сили под водство на САД и НАТО кои две децении се бореа против талибаните и ги поддржуваа и ги обучуваа авганистанските владини сили во годините по соборување на режимот на радикалните исламисти во 2001 година. Повеќе од 39.000 австралиски војници вкупно служеле во Авганистан, а 41 од нив загина таму.

Се очекува дека ова признание на Морисон ќе предизвика критики на сметката на неговата влада по неколкунеделното предупредување на поранешниот воен персонал дека америакнското повлекување од Авганистан ќе ги доведе во опасност Авганистанците кои сораборувале со Австралија.

Морисон изјави дека Австралија има издадено визи за 430 лица од Авганистан. Владата во вторникот соопшти дека никој кој веќе е во Австралија нема да биде депортиран во Авганистан.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.