Австралија не планира да ги отвори своите граници во скоро време и покрај напредокот во пронаоѓање и производство на вакцини против Ковид-19.
Како што изјави премиерот, Скот Морисон, земјата ќе ги задржи своите граници затворени за неавстралиските граѓани, како и за оние кои немаат постојан престој.
Што се однесува до отворање на меѓународните граници, ние сè уште сме далеку од тоа – изјави Морисон.
Велика Британија нееделава ја одобри употребата на вакцината на „Фајзер“, зголемувајќи ги надежите за брза вакцинација против Ковид-19 низ целиот свет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.