Австралискиот премиер Скот Морисон се обидува да обезбеди поддршка за меѓународна истрага за пандемијата на новиот коронавирус,.

Морисон денеска телефонски разговарал со претседателите на САД и Франција, Доналд Трамп и Емануел Макрон, и со германската канцеларка Ангела Меркел, соопшти неговиот кабинет.

Иницијативата на Австралија за независна истрага за потеклото на новиот коронавирус и причините за неговото ширење, како и за одговорот на Светската здравствена организација (СЗО), предизвика остри критики од страна на Кина.

Кина на 31 декември првпат пријави во СЗО за вирусот, а организацијата прогласи глобална вонредна состојба на 30 јануари. Според критичарите, и двата пати било реагирано со задоцнување и тоа помогнало за ширење на коронавирусот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.