Тешко погодената со епидемија австралиска држава Викторија пријави бројка од 428 нови случаи и го зголеми тестирањето на коронавирус, додека државата Нов Јуѓен Велс најави построги мерки по скокот на бројот на новозаразени.

Три смртни случаи во Викторија пријавени се денеска во вториот град по големина Мелбурн, кој е затворен од минатата недела и каде властите се надеваат дека новите ограничувања ќе го намалат бројот на заразени.

Премиерот на Викторија, Данијел Ендрус изјави дека само пет нови случаи имало во руралните подрачја, а дека останатите се во Мелбурн.

Тој наведе дека владата го зголемува бројот на места за тестирање надвор од Мелбурн.

Во најнаселената држава во Австралија, Нов Јужен Велс, откриени се осум нови случаи.

Премиерката Гледис Берејиклијан најави дека ограничувањата на посетителите, која во моментов важи за пабовите, ќе биде проширена и на рестораните, кафетериите и останатите угостителски објекти од следниот петок. Резервациите ќе бидат ограничени на 10 лица.

На свадби и други масовни собири ќе може да присуствуваат најмногу 150 лица, а на погребите и верските служби 100 луѓе.

На Западот на Австралија каде не е раширена инфекцијата со Ковид-19, вчера е одржан најголемио јавен собир од кога е почната пандемијата, кога повеќе од 22 000 гледачи следеа фудбалски натпревар на стадионот во Перт.

Медицинските работници го осудија натпреварот како опасен по јавното здравје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.