Австралија од 1 декември ќе им дозволи влез во земјата на целосно вакцинираните лица, кои ги исполнуваат условите да влезат во земјата, без да аплицираат за изземање од патувањето, изјави денеска австралискиот премиер Скот Морисон.
Морисон, исто така, презеде и дополнителни чекори за повторно да ги овозможи меѓународните патувања во Австралија, а од почетокот на декември ќе им дозволи и на целосно вакцинираните граѓани на Јапонија и Јужна Кореја да влезат во земјата.
Најголемите австралиски градови, Сиднеј и Мелбурн, од 1 ноември ги отворија своите граници за меѓународните п атници, иако од олеснувањето на правилата за влез корист досега имаа само граѓаните кои се враќаат во земјата и постојаните жители кои беа „заглавени“ во странство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.