Повеќе од 100 земји го поддржаа повикот на Австралија да се спроведе независна истрага за потеклото на Ковид-19, изјави денеска австралиската министерка за внатрешни работи, Мариса Пејн.

Таа истакна дека цел на истрагата е меѓународната заедница со соработка подобро да се подготви за борба против следната пандемија.

Австралискиот премиер, Скот Морисон наведе дека иницијативата на Австралија нема за цел да обвини која било земја.

– Тоа е искрено прашање со искрена намера и искрен мотив, изјави Морисон.

Меѓу земјите што на почетокот ја поддржаа иницијативата на Австралија се сите држави на Европска Унија, Велика Британија, Индија, Индонезија, Јапонија, Канада и Нов Зеланд.

На иницијативата се придружија и неколку земји од Африка, па вкупниот број се зголеми на 116 земји.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.