Четири лица загинаа во авионската несреќа што денеска се случи во близина на аеродромот во Дубаи. Според првичните информации, се работи за мал авион во кој загинаа пилотот, копилотот и двата патници. Од нив тројца се државјани на Велика Британија и Јужноафриканец.
Авионот е во сопственост на американскиот технолошки гигант „Ханивел“, а се срушил заради технички дефект.
Аеродромот во Дубаи е еден од најпрометните аеродроми во светот. Дел од летовите каснат, а дел се пренасочени, но како што велат надлежните, сите операции течат без поголеми проблеми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.