Авион Л-410 се урна во рускиот регион Татарстан, при што загинале 16 лица, додека седум се повредени, соопшти руската агенција за управување со вонредни состојби.
Седум лица се извлечени живи.
Претходно, руските медиуми јавија дека во авионската несреќа загинале 19 лица, а тројца се повредени и дека во авионот имало вкупно 23 лица.
Агенцијата за управување со вонредни состојби соопшти дека во авионот имало група падобранци.
Авионот е Лет Л-410 Турболет, двомоторен транспортен авион за кратки дестинации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.