Американската авиокомпанија „Јунајтед ерлајнс“, која на почетокот на август побара од сите свои вработени во САД да бидат вакцинирани против Ковид-19, соопшти дека се подготвува да отпушти 593 лица кои не приложиле доказ дека се имунизирани.

Од вкупно 67.000 вработени во компанијата, помалку од три проценти (околу 2.000 луѓе) побарале да бидат ослободени од обврската поради медицински или верски причини. Над 99 проценти од останатите избрале да се вакцинираат.

Побаравме од сите наши вработени во САД да се вакцинираат од една едноставна причина – да ја гарантираме безбедноста на нашиот персонал. Вистината е дека сите се побезбедни кога сите се вакцинирани и барањето за имунизација функционира – соопштија извршниот директор Скот Кирби и претседателот на компанијата Брет Харт.

За 593 вработени кои не доставиле доказ за вакцинација, компанијата ќе почне процес на отпуштање согласно процедура договорена со синдикатите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.