Авганистан ги доби првите дози на вакцини против ковид-19 од Индија. Станува збор за индиската верзија на вакцината „АстраЗенека“ против коронавирус.

Вакцините први ги примија здравствените работници и старите лица во болницата Вазир Акбар Кан во Кабул.

Вакцината произведена во Индија, локално позната како „Ковишилд”, е првата вакцина што пристигна во Авганистан. Тоа е вакцина произведена од Институтот за серум и е наменета за земји со среден и низок приход.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.