Компанијата „Ауди“ најави дека делумно ќе продолжни со работа во фабриката во унгарскиот град Ѓер. Фабриката во која се произведуваат автомобилски мотори е клучна за снабдувачките линии на „Ауди“ низ Европа, но и во Мексико.

За почеток, во вторникот „Ауди“ повика стотина работници да се вратат на работните места, со преземање на сите неопходни мерки за нивна заштита од коронавирусот. До крајот на неделава се очекува уште еден погон да биде рестартиран. Поголемиот погон за скплоување автомобили ќе биде рестартиран во текот на следната недела.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.