Унгарскиот премиер жестоко го отфрли предлогот на Европската комисија за санкции за увозот на нафта од Русија. Унгарија не може да го замени увозот на руска нафта во предвидениот 20-месечен рок, истакна Виктор Орбан.
Санкциите на ЕУ против рускиот енергетски сектор се црвена линија за Унгарија, соопшти денеска премиерот Виктор Орбан, нагласувајќи дека Будимпешта нема да го поддржи ембаргото на Унијата на увозот на руска нафта, ниту ќе го санкционира патријархот московски и руски Кирил.
Бев подготвен да се сложам со првите пет пакети санкции на ЕУ, но од почетoкот јасно ставив до знаење оти постои црвена линија која е енергетскиот сектор, изјави Орбан.
Тој рече и дека санкциите кои веќе ги воведе ЕУ се поштетни за европската отколку за руската економија.
За да стапи во сила предлогот на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен земјите членки на ЕУ постепено да го укинат увозот на руска сурова нафта, во рок од 6 месеци, и на рафинирани производи, до крајот на годината, мораат да го одобрат сите држави членки на Унијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.