Неверојатни фотографии пристигаат од рускиот град Астрахан, каде автомобил пропаднал во земја среде една од најфреквентните улици во градот. Возачот на „лада ларгус“ возел кон работа, кога неговиот автомобил почнал да тоне. За среќа, излегол на време.
Полицијата наскоро ја затворила целата улица „Савушкинова“, а градоначалничката Марија Пермјакова пристигнала на местото на инцидентот. Експертите кои извршиле увид во дупката изјавиле дека инцидентот е предизвикан од оштетени канализациони цевки на длабочина од осум метри.
Гувернерот на регионот Игор Бабушкин му ветил на несреќниот сопственик на возилото дека ќе му ја надомести штетата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.