Додека десетина полицајци на сила го извлекуваа Џулијан Асанж од амбасадата на Еквадор во Лондон, Асанж цело време викал на глас
Велика Британија нема стабилост – викал Асанж.
Инаку додека полицијата го извлекуваше Џулијан Асанж од амбасадата на Еквадор во Лондон, тој во рацете цврсто држел и една книга. Се работи за книгата „Историјата за Државната Национална безбедност“ од авторот Гор Видал, пренесе „Спутник“.
Подоцна, пред судот во Вестминстер, Асанж во тишина ја читал оваа книга, пред да се изјасни дека е невин.
Како што се наведува, Видал преку збирка интервјуа во оваа книга опишал теми со кои опсесивно се занимавал и самиот Асанж. Книгата ги следи историските основи на воено-индустрискиот комплеск, како и експанзија на извршната моќ во САД, која довела до израз на „империјалното претседателство“.
Луѓето изгубија глас, бидејќи немаат информации – предупредува Видал во книгата.
Асанж вчера беше уапсен и исфрлен од амбасадата на Еквадор во Лондон, каде беше повеќе од шест години. Азилот што го доби од Еквадор го штитеше од екстрадиција во Шведска, каде го бараат поради наводно сексуална злоупотреба на колешка. Таа тужба беше отфрлена, но остана онаа која го чека во САД, поради објавувањето на илјадници доверливи документи од страна на Викиликс.
Прва осуда на апсењето на Асанж стигна од Москва. Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, напиша на Фејсбук: Раката на демократијата го стегна грлото на слободата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.