Групацијата Армани објави дека донирала 1 милион и 250 илјади евра за болници и цивилна заштита од коронавирусот.

Благороден гест од кралот на модата, дизајнерот Џорџо Армани, кој одлучи да го поддржи италијанскиот здравствен систем во овој тежок момент предизвикан од итни случаи на коронавирус. Затоа, групацијата Армани објави дека донирала 1 милион и 250 илјади евра во болниците „Луиџи Сако“, „Сан Рафаеле“ и „Иституто деи Тумори“ во Милано, на Институтот „Спаланзани“ во Рим, како и за поддршка на активностите на цивилна заштита.

Од медицинска гледна точка, стапката на смртност од коронавирус е околу 2,2 проценти, наспроти речиси 10 проценти од Сарс. Но, ударот од коронавирусот има и економски аспект. Прогнозите за првите три месеци од годинава во модниот сектор во Италија, земја која важи за една од водечките во модата, е падот од над -1,8 осто.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.