Властите на Хаити ја одобрија новата влада во земјата, предводена од Ариел Анри, кого убиениот претседател Жовенел Моиз го назначи за премиер два дена пред атентатот.
Членови на кабинетот на министри: Ариел Анри е премиер. Советот на министри, чиј претседател е премиерот, има извршна власт се додека не се избере нов претседател – пишува официјалниот весник на републиката „Монитор“.
Анри, исто така, ќе биде и министер за труд и социјала политика.
По убиството на Моиз, вршителот на должноста премиер, Клод Џозеф беше унапреден во министер за надворешни работи и религиозни прашања во новиот кабинет.
Владата на Хаити објави на Твитер дека церемонијата на инаугурација на нејзините членови ќе се одржи на 20 јули, во главниот град Порт-о-Пренс.
Анри истакна дека тој ќе ја води Републиката до новите избори, нагласувајќи дека не ја смета сегашната влада за целосна. Претседателските и парламентарните избори на Хаити се закажани за 26 септември, а вториот круг од претседателските избори ќе се одржи на 21 ноември, доколку е потребно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.