Владата на Аргентина соопшти дека постигнала договор со компаниите за малопродажба да ги замрзнат цените на повеќе од илјада прехранбени производи и производи за домаќинство во следните 90 дена. Одлуката е донесена со цел да се спречи инфлацијата.
Британските медиуми забележуваат дека аргентинската економија закрепнува од повеќегодишната рецесија и дека цените се зголемуваат за речиси 50 проценти годишно.
Мораме да ја запреме ценовната лавина на храната за да не се ограничи куповната моќ на работниците. Кошничката со основни прехранбени производи изнесуваше девет проценти од просечната плата во декември 2019 година и 11 проценти при последното мерење – изјави државниот секретар за внатрешна трговија Роберто Фелети.
Економската состојба може сериозно да влијае на политичката ситуација во земјата. Левоцентристичката влада претрпе удар на прелиминарните избори во септември, а гласачите ќе излезат на гласање за Конгресот на 14 ноември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.