Аргентина одобри употреба на руската вакцина против корона вирусот.

Веста ја објави локалната телевизија „Тодо Нотисијас“, а ја потврди и рускиот Фонд за директни инвестиции, кој е финансиски покровител на вакцината „Спутник 5“.

Аргентина е прва латиноамериканска земја што официјално ја одобри „Спутник 5“. Вакцината е официјално одобрена за итна употреба, врз основа на резултатите од клиничките испитувања во третата фаза, спроведени во Русија и без дополнително тестирање во Аргентина – се вели во соопштението на рускиот фонд.

Според медиумите, во Москва веќе е пристигнат аргентинскиот авион кој дошол по руските вакцини.

Аргентина претходно ја одобри употребата и на вакцината на „Фајзер“.

Вакцината „Спутник 5“ во моментов се тестира во Русија на волонтери над 60 години. Александар Гинцбург, директорот на центарот „Гамалеја“, што ја направи вакцината, на 11 декември објави дека по втората доза на вакцината „Спутник 5“, никој од волонтерите од повозрасната генерација не бил позитивен на корона вирусот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.