Германската канцеларка Ангела Меркел и данската премиерка Мете Фредериксен денеска седеа за време на интонирањето на химните во Берлин, еден ден после најновиот случај во кој беше забележано како ѝ се тресе телото на Меркел.
Меркел заедно со нејзината гостинка седеше пред зградата на Владата во Берлин, што е невообичаено и против протоколот за време на вакви државни церемонии кога мора да се стои за време на интонирањето на химните.
Канцеларката вчера по трет пат имаше треска додека на истото место стоеше со финскиот премиер, па денес било одлучено за време на интонирањето на химните, наместо да стои, Меркел заедно со својата гостинка да седи.
Меркел за прв пат беше забележана како неконтролирано се тресе за време на состанокот со новиот украински претседател Владимир Зеленски на 18-ти јуни, а потоа и на 27-ми јуни на свеченоста со германскиот претседател Франк-Волтер Штајнмајер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.