Иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан денеска изјави дека Иран не сака да се прошири војната на Блискиот Исток, по нападот на палестинските милитанти Хамас врз Израел на 7 октомври, во кој загинаа најмалку 1.400 луѓе, главно цивили.

Не сакаме оваа војна да се прошири, рече Амирабдолахиан за време на гостувањето на Си-Ен-Ен.

САД веруваа дека Иран знаел дека Хамас планира „операции против Израел“, но првичните извештаи на американските разузнавачки служби покажаа дека некои ирански лидери биле изненадени од нападот.

Амирабдолахиан денеска ги отфрли тврдењата дека директно го поврзуваат Иран со нападите, нарекувајќи ги „неосновани“.

Секогаш и дававме политичка, медиумска и меѓународна поддршка на Палестина. Никогаш не сме го негирале тоа. Тоа е вистинската вистина. Но, немаше никаква врска меѓу Иран и оваа акција на Хамас, ниту мојата влада, ниту дел од мојата земја, изјави тој.

Амирабдолахиан рече дека поврзувањето на Иран со каков било напад во регионот, доколку целта биле интересите на САД, без докази е „целосно погрешно“



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.