Претседателот на САД, Џо Бајден, официјално го суспендира планираното повлекување на американските трупи од Германија, наредено минатата година од поранешниот претседател Доналд Трамп, но акцијата за повлекување се уште не почна.

Бајден одлучи повлекувањето на трупите да биде запрено се додека министерот за одбрана, Лојд Остин, не направи проценки за присуството на американски војници во светот.

Остин ќе обезбеди нашето воено присуство да биде соодветно усогласено со нашата надворешна политика и националните приоритети – изјави Бајден.

Минатата година, Доналд Трамп ја објави својата намера да повлече 9.500 од приближно 34.500 американски војници стационирани во Германија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.