Американските здравствени власти, по состанокот со претставниците на компанијата „Фајзер“ соопштија дека граѓаните кои се целосно вакцинирани против корона вирусот не мора да примат трета доза од вакцината.
„Фајзер“ минатата недела соопшти дека планира да побара од американските регулатори одобрување за издавање дополнителна доза од вакцината, а врз основа на докази за зголемен ризик од инфекции шест месеци по имунизацијата, но и поради ширењето на делта сојот на корона вирусот, пренесе Ројтерс.
Од компанијата порачуваат дека „Фајзер“ и американската администрација заедно се уверени за нужноста секогаш да се биде пред вирусот и потврдуваат дека со американската администрација постои договор дека научните податоци диктираат кои наредни чекори ќе бидат преземени.
Ширењето на делта сојот на корона вирусот првпат беше регистриран во Индија што покрена дилема дали вакцините даваат доволна заштита и од позаразниот, делта сој вирус.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.