Припадниците на Морнарицата на САД кои ќе одбијат да се вакцинираат против Ковид-19 ќе мора да ја напуштат армијата и би можеле да изгубат некои од бенифициите кои ги имаат ветераните, соопшти американската морнарица.
Рокот за целосна вакцинација е 28 ноември.
Морнарите може да поднесат барање за ослободување од медицински или религиозни причини, но ако тоа барање биде одбиено, тогаш мора да се вакцинираат со прва доза во рок од пет дена.
Морнарите кои ќе одбијат да се вакцинираат ќе ги изгубат бенифициите за образование, унапредување и бонуси.

Повеќе од 99 отсто од активните морнари примиле барем една доза од вакцината против Ковид-19, а 95 проценти се целосно вакцинирани.
Морнарите во резерва имаат рок да се вакцинираат до 28 декември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.