Американскиот потпретседател, Мајк Пенс, се наоѓа во самоизолација, надвор од Белата куќа, откако беше потврдено дека неговиот портпарол е заразен со коронавирусот, пренесува Блумберг, повикувајќи се на тројца неименувани извори запознаени со ситуацијата.

Пенс, во саботата, не присуствуваше на состанокот со претседателот Доналд Трамп и восоко рангираните воени претставници.

Еден од изворте на Блумберг наведе дека вчерашниот резултат на Пенс на тестирањето за присуство на коронаворус бил негативен.

Тој додава дека Трамп и Пенс редовно се тестираат.

Белата куќа не одговори на барањето за коментар, пренесуваат британските медиуми.

Во Белата куќа пред неколку дена беа пријавени два случаи на коронавирус, предизвикувајќи стравувања дека и претседателот и потпретседателот се заразени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.