Заповедникот на американскиот носач на авиони „Теодор Рузвелт“, на кој има повеќе од 4.000 членови на екипажот, побарал итна помош заради епидемијата на коронавирус на неговиот брод.

Не сме во војна, морнарите не морат да умрат. Доколку не делуваме сега, нема да можеме да се погрижиме за нашите највредни, за нашите морнари, напиша капетанот Брет Крозиерв во писмото упатено до Пацифичката флота на американската морнарица, потврдено е за Си-Ен-Ен. Ширењето на болеста е во тек и се забрзува, додава капетанот на бродот, препорачувајќи сите од екипажот да заминат во карантин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.