Многу медиуми објавија вест дека американскиот претседател Доналд Трамп одликувал куче по име Конан, кое учествувало во акцијата во која беше убиен лидерот на Исламска држава Ал Багдади, а подоцна се докажа дека веста е лага, а фотографијата фотошопирана.
„Американски херој”, напиша Трамп на фотографија на која се гледа медал околу вратот на германскиот овчар, по што медиумите известуваа за одликувањето.
We have declassified a picture of the wonderful dog (name not declassified) that did such a GREAT JOB in capturing and killing the Leader of ISIS, Abu Bakr al-Baghdadi! pic.twitter.com/PDMx9nZWvw
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) October 28, 2019
Потоа беше утврдено дека веста е лажна и оти фотографијата од одликувањето всушност е фотошопирана. Немало одликување, а ниту кучето не било во резиденцијата на американскиот претседател, потврдиле од Белата куќа за „Гласот на Америка”.
Белата куќа исто така потврди дека фотографијата е фотошопирана.
Според „Њујорк тајмс”, оригиналната фотографија што ја преработил Трамп и припаѓа на агенцијата Асошиејтед Прес од настан во 2017 година кога Трамп го одликувал Џејмс Меклохан, ветеран во Виетнамската војна.
Меклохан тогаш бил одликуван затоа што за време на војната спасил животи на десет луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.