Американскиот амбасадор во Унгарија Дејвид Корнстин изјави дека политичките поделби во САД не се ништо во споредба со спротиставените ставови во Европската Унија, каде земји како Германија сакаат неограничена имиграција, додека земји како Унгарија ја држат границата затворена.
Прашањето на имиграцијата ги подели земјите во Европа, северот против југот, истокот против западот, либералните против конзервативните земји. Некои земји како Германија велат, ајде да ги пуштиме сите кои сакаат да дојдат кај нас. Но земји како Унгарија велат, полека, ова е унгарска земја и не сакаме да донесеме луѓе од било каде, особено не од Африка. Лидерот на Унгарија Виктор Орбан е многу силен водач, тој нема да дозволи да се отвори границата додека не биде безбедно за тоа. Особено сега, со вирусот, границите се целосно затворени. Унгарија одлично се справи со епидемијата, и скоро и да нема нови случаи. Премиерот Орбан не е многу заинтересиран за отворени граници и сака во земјата да доаѓаат само луѓе кои ќе бидат корисни за неа – изјави амбасадорот Корнстин во интервју со десничарскиот бизнисмен од Њујорк, Џон Кациматидис.
Амбасадорот Корнстин додаде дека Унгарија е во центарот на вниманието и на Русија и на Кина, освен на САД.
Сите ја сакаат Унгарија – изјави Корнстин, додавајќи дека Унгарија е традиционално блиска со Русија поради нејзината местоположба и енергетската состојба, но дека Унгарците не се обожаватели на руските вредности.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.