Американската војска, во соработка со курдските „Сириски демократски сили“ извезува од Сирија нелегално произведена нафта, објави иранската агенција Фарс“, повикувајќи се на неименуван извор.
Како што објави агенцијата, нафтата преку алтернативни нафтоводи се транспортира од нафтеното поле Карачук до магацинот Семалки, од каде што се пренесува на територијата во Ирак преку неодамна изградениот цевковод долж дното на реката Тигар.
Агенцијата тврди дека станува збор за стотици барели нафта дневно.
Претходно, разни арапски и руски медиуми ги обвинуваа САД дека се вмешани во нелегално изнесување на сириската нафта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.