Американските тенкови кои учествувале на воена вежби во Романија не успеале да ги следат дадените координати, па тргнале на непознат терен каде предизвикале вистинска паника меѓу локалното населние. Тие успеале да се загубат и да нагазат на приватен имот, објави „Диги24“.

Сопственикот на нивата бил толку престрашен што се јавил на европскиот број за итни случаи (112) и кажал дека гледа тенкови во неговата нива. Тенковите му ги уништиле пченките.

Инцидентот се случил на 20 јуни, а романското Министерство за одбрана тоа го потврди со соопштение во кое наведува дека „американските тенкови кои учествувале на вежбите на НАТО влегле во село по грешка заради лошите временски услови“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.