Федералниот апелациски суд на САД ја суспендира наредбата издадена од администрацијата на претседателот Џо Бајден за задолжителна вакцинација против корона вирус на сите вработени во американски компании со 100 или повеќе работници или, пак, нивно тестирање секоја недела.
Во својата пресуда, судот наведува дека има „сериозни статутарни и уставни“ прашања кои произлегуваат од наредбата.
Одлуката е донесена откако повеќе американски сојузни држави ја тужеа администрацијата на Бајден во обид да ги суспендираат наредбите за вакцинација на вработените со федерален договор.
Новото правило требаше да стапи во сила на 4 јануари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.