Американецот Рој Чарлс Валер (60), сериски силувач кој цели 15 години тероризирал жени во Северна Калифорнија е осуден на затворска казна од 897 години затвор.

Во периодот од 1991 до 2006 година Валер нападнал голем број жени во Калифорнија, упаѓајќи им во домовите, каде потоа ги силувал.

Дел од своите жртви тој прво ги киднапирал и насила ги носел до банкомат за да ги ограби.

Валер бил идентификуван според траги од ДНК, а некои од неговите жртви сега имаат повеќе од 80 години.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.