Доверливи податоци на американските разузнавачки агенции во текот на летото укажувале дека талибанците многу брзо ќе го освојат Кабул и дека авганистанската армија може да се распадне , иако претседателот Џо Бајден и неговите советници тврдеа дека е малку веројатно тоа да се случи во краток рок, објави „Њујорк тајмс“.
Бајден на 8 јули изјави дека авганистанската влада „тешко ќе падне“ и дека евакуацијата на Американците нема да биде хаотична.
Според „Њујорк тајмс“, клучните американски одлуки се донесени многу пред јули, кога постоеше консензус помеѓу американските агенции дека авганистанската влада може да издржи една или две години, како и декаавганистанската армија ќе се бори против талибанците.
Кога Стејт департментот нареди повлекување на дел од персоналот од Aмбасадата во Кабул на 27 април, разузнавачките агенции проценија дека талибанската офанзива може да трае најмалку 18 месеци.
Со месеци разузнавачките служби ги споредуваа авганистанските сили со јужно виетнамската армија и крајот на Виетнамската војна. На армијата на Јужна Виетнам и беа потребни две години да падне, откако САД ги повлекоа војниците и финансиската поддршка. Овој пат, оптимистите веруваа дека авганистанската војска, со американско финансирање, ќе трае приближно исто, додека песимистите сметаат дека периодот ќе биде значително пократок.
Според аналитичарите, талибанците победија со стратегија што се покажа успешна за време на децениската војна во Авганистан, тие беа поодлучни од нивните противници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.